26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити понудил 80 милиони евра за Погба

Сити понудил 80 милиони евра за Погба

pogi

Манчестер Сити ќе му понуди на Јувентус сума од 80 милиони евра за Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми.

Францускиот репрезентативец се очекува да го направи најголемиот трансфер во летниот преоден рок, а покрај Сити интерес за неговите услуги покажуваат ПСЖ и Реал Мадрид.

Според шпекулациите, ПСЖ во јануари на Јувентус му понудил 70 милиони евра, додека менаџерот на фудбалерот Мино Рајола смета дека неговиот клиент вреди округло 100 милиони евра.

Италијанските медиуми, исто така, пренесоа дека Јувентус нема да се согласи да го продаде фудбалерот за помалку од 85 милиони евра.

Погба има 22 години, а во Јувентус стигна како слободен играч од Манчестер Јунајтед во 2012-та година, во меѓувреме стана еден од најдобрите играчи од редот за врска во светот на фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП