27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell очаен - ги напушта шкрилците во Украина

Shell очаен – ги напушта шкрилците во Украина

shell11

Британско-холандската нафтена компанија „Shell“ ја разгледува можноста за целосен излез од проектот за истражување на гас од шкрилци во Јуживското поле во Украина.

Тој проект во областите Харков и Донецк пред една година практично беше замрзнат поради воените дејствија, пренесува Фајненшл Тајмс.

„Започнавме преговори со владата на Украина и нашиот партнер, компанијата „Нaдра Јуживска“ за понатамошните активности во врска со договорот за поделба на производството“, изјави претставникот на „Shell“ и потсети дека условите од 2013 година кога е потпишан договорот, суштински се промениле.

Во компанијата нагласија дека поради непредвидените околности настанати во јули минатата година „Shell“ не може да ги исполнува обврските од договорот за поделба на производството.

Фајненшл Тајмс потсетува дека во септември 2013 година украинската компанија „Нaдра Јуживска“ и „Shell“ потпишале договор за развој на Јуживското наоѓалиште на гас каде се експлоатира гас од шкрилци. Претпоставуваме дека комерцијалното производство ќе започне оваа година.

Претставникот на државната компанија „Надра“ во Украина, партнер на „Royal Dutch Shell“, изјави дека не располага со информации за намерата на британско-холандскиот гигант да излезе од проектот.

Минатата година од истражувањата на гас од шкрилци во Украина се откажа и американскиот „Chevron“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП