18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗенит дава 28 милиони евра за Манџукиќ

Зенит дава 28 милиони евра за Манџукиќ

mandza zenit

Русија е најверојатната следна дестинација во кариерата на Марио Манџукиќ. Напаѓачот на Атлетико Мадрид е пред трансфер во Зенит, а според новинарот од „Gazzetta dello Sport“, Карло Лаудиза, русите веќе упатиле конкретна понуда за него.

Шампионот на оваа земја е подготвен да плати за 29-годишниот напаѓач 28 милиони евра и таа сума ги надминува сите други предлози за Хрватот, вклучувајќи ја и таа на Јувентус.

Манџукиќ игра променливо во дебитантската сезона за Атлетико. Во почетокот тој се промовираше во одлично светло, но во пролетта забележа пад во формата, па Диего Симеоне се почесто го оставаше на резервната клупа.

Со очекуваното доаѓање на Лусиано Вието и на Карлос Тевез конкуренцијата во нападот ќе се зголеми уште повеќе, а Манџукиќ нема да е задоволен со улогата на резерва.

Зенит може да му предложи на Манџукиќ гарантирано место во стартниот состав и учество во Лигата на Шампионите. Идејата на тренерот на тимот од Санкт Петербург, Андре Вила-Боаш е да изгради „ѕвезден“ напад со Манџукиќ во средината и Хулк и Дани по двете крила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП