26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧиле со победа стартуваше на Копа Америка

Чиле со победа стартуваше на Копа Америка

_83581620_vid-pen-reu

Фудбалерите на Чиле со победа над Еквадор 2:0 (0:0) го отворија 44-то издание на Копа Америка.

Чилеанците кои се домаќини на турнирот, во првото полувреме не успеаја даја метаријализираат иницијативата, а отпорот на Еквадорците го скршија во 67.минута кога Артуро Видал од пенал го постигна првиот гол.

Конечниот резултат го постави резервистот Едуардо Варгас во 84.минута.

Чиле никогаш не успеал да ја освои титулата на Копа Америка, во 99 годишната историја на ова натпреварување Чилеанците четири пати играле во финалето, последен пат во 19987 година.

На Копа Америка, во ноќта помеѓу петок и сабота, од 1:30 часот по средноевропско време ќе се одигра вториот меч од А групата помеѓу Мексико и Боливија, додека во сабота на програмата се дуелите во Б групата: Уругвај-Јамајка (21 часот) и Аргентина-Парагвај (23:30 часот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП