8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКари и Игудала го вратија брејкот

Кари и Игудала го вратија брејкот

18069044-mmmain

Кошаркарите на Голден Стејт го вратија брејкот и го израмнија резултатот против Кливленд, во финалната серија во НБА лигата на 2-2. Тимот на тренерот Стив Кер во четвртиот меч, во Кливленд, славеше со убедливи 103:82.

Четвртиот меч не донесе никава неизвесност околу победникот, Голден Стејт водеше од почетокот до крајот, а победата ја поврди во последниот период кој го доби со разлика од 15 поени (27:12). Инаку во претходните три средби, Кливленд најпрвин победи по едно продолжение, а потоа Кливленд славеше со два односно пет кошеви разлика.

Тимската игра беше главното оружје на ГС, четворица од стартната петорка постигнаа двоцифрен број на поени по 22 постигнаа Андре Игудала и Стеф Кари, 17 реализираше Дрејмонд Грин, а 14 Херисон Барнс. Игудала зад своето име запиша уште и 8 скока, а Грин придодаде 8 скока и 7 асистенции.

Пресуден за триумфот на ГС беше шутот Игудала погоди од поле 8/15, а Кари 8/17, единствен кој потфрли каj ’воините’ беше Клеј Томпсон кој постигна само девет поени.

На спротивната страна Леброн Џејмс мечот го заврши со 20 поени (7/22 од поле), 12 скока и 8 асистенции, на паркетот тој мина 40 минути. Потфрли и еден од хероите во третито меч Метју Делаведова кој уфрли 10 поени (4/13 од поле).

Најефикасен кај Кливленд беше Тимофеј Мозгов со 28 поени и 10 скокови, а двоен ефект имаше и Тристан Томпсон (13 поени, 10 скока).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП