Доскорешниот играч на Фрајбург Адмир Мехмеди кариерата ќе ја продолжи во Баер, соопшти клубот од Леверкузен.
Мехмеди, кој е роден во Гостивар на 16.март 1991 година, со ’фармацевтите’ потпишал четиргодишен договор. Швајцарскиот фудбалер во неодамна завршената сезона постигна четир гола на 28 одиграни натпревари.
Фрајбург испадна од Бундеслигата, додека Баер го освои четвртото мести и ќе се обиде преку квалификациите да се пласира во Лигата на шампионите.
Мехмеди има 24 години, кариерата ја започнал во Цирих, а до Бундеслигата стигнал преку киевски Динамо, за швајцарската репрезентација има одиграно 27 натпревари.