4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го посакува Фалкао во тимот на Челзи

Мурињо го посакува Фалкао во тимот на Челзи

fa mou

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо навести дека Радамел Фалако е блиску до трансфер на „Стемфорд бриџ“.

Колумбискиот напаѓач доживува тежок период, откако се претстави доста неубедливо при престојот на „Олд Трафорд“ како позајмен играч од Монако. „Црвените ѓаволи“ најавија дека нема да ја искористат опцијата да го откупат. Тимот од Кнежевството пак го намали својот буџет и почнаа да наметнуваат млади играчи во составот, па поради тоа ќе бараат опција да го продадат или повторно да го позајмат.

Мурињо изрази уверување дека под негово раководство Фалкао може да се врати во формата која ја демонстрираше пред тешката повреда на коленото во почетокот на 2014-та година.

Португалецот изрази разочарување од ниското мислење за квалитетите на напаѓачот, кое го имаат по неговиот престој на „Олд Трафорд“.

„Неможам да поверувам дека луѓето во Англија мислат дека вистинскиот Фалкао е оној кој беше во Манчестер јунајтед“, рече Мурињо во едно интервју.

Освен тоа дека на португалскиот стратег му се допаѓа Фалкао, двајцата имаат и заеднички агент – Хорхе Мендеш, што може да помогне за реализација на договорот.

„Ако можам да му помогнам на Фалкао да се врати во познатата форма, ќе го направам тоа“, додаде менаџерот на Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП