19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер се колеба за својата иднина

Швајнштајгер се колеба за својата иднина

bastijan

Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер се уште нема донесено конечна одлука дали сака да остане во Баерн и во следната сезона. 30-годишниот играч сепак призна дека ќе се водат разговори со извршниот директор на „баварците“, Карл-Хајнц Румениге по ова прашање.

Еден од главните играчи на Баерн Минхен – Бастијан Швајнштајгер, се уште не се изјаснил за својата иднина. Тоа го потврди самиот фудбалер по поразот на Германија со 1:2 од САД во контролниот натпревар кој се одигра вчера во Келн.

„Со Карл-Хајнц Румениге само се договоривме дека ќе седнеме да разговараме за мојата иднина во текот на летото. Засега, сепак ништо не е познато“, изјави Швајнштајгер по поразот на Бундестимот од САД (1:2) на пријателскиот натпревар.

Интерес кон халфот пројавува Манчестер Јунајтед, а неговиот договор со „баварците“ истекува следното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП