23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМечот Барселона-Депортиво бил наместен?

Мечот Барселона-Депортиво бил наместен?

mestenka barsa

Натпреварот од последното коло во Примера меѓу Барселона и Депортиво (2:2) се наоѓа под истрага поради сомнеж дека бил наместен, објавија весниците „Sport“ и „El Mundo Deportivo“.

Инаку сомнежите дека бил договорен нерешен резултат со кој клубот од Галиција би останал во Примера, имаат уште поголемо значење бидејќи дефанзивецот на Депортиво, Алберто Лопо во изјава за „Kanal plus“, открил дека во финишот на мечот му рекол на Чави да се „опуштат“.

Барселона пред мечот со Депортиво ја имаше обезбедено титулата, а Депортиво на „Ноу Камп“ негативата од 2:0 во последните 20 минути ја претвори во 2:2 и со освоениот бод обезбеди опстанок.

Депортиво остана во лигата поради подобрата гол разлика од Еибар. Во меѓувреме и Еибар доби известување дека и наредната сезона ќе игра во Примера, бидејќи поради големите долгови од првата лига е исфрлена екипата на Елче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП