Фудбалскиот клуб Олимпијакос му врачи отказ на тренерот Виктор Переира (46), иако во штотуку завршената сезона го предводеше клубот до двојната круна во грчкото првенство.
Во кусото соопштение за јавноста се наведува дека двете страни решиле спогодбено да го раскинат договорот. Од друга страна, локалните медиуми наведуваат дека Переира го навлекол бесот на еден од сопствениците – Вангелис Маринакис, бидејќи минатиот месец тајно преговарал со шкотскиот великан Глазгов Ренџерс.
Переира, кој во јануари потпиша две ипол годишен договор со Олимпијакос, се поврзува со клупата на Фенербахче.