3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi сепак ќе прави нов Lancer!

Mitsubishi сепак ќе прави нов Lancer!

lancer st

Компанијата „Mitsubishi“ веќе неколку пати најави дека се откажува од правењето на нов седан во сегментот „Ц“, но овие планови очигледно се променија.

За изданието „Ward’s Auto“, потпретседателот на американската поделба на производителот, Дан Сверинген, најави за почеток на развој на новата генерација на „Lancer“.

Според топ-менаџерот дизајнерите на „Mitsubishi“ веќе работат на изгледот и внатрешноста на новиот автомобил. Истовремено, сепак раководството на компанијата бара партнер со кој ќе бидат поделени трошоци за создавање на нова платформа на која да биде изграден моделот.

Јапонците се надеваат да го направат седанот со помош на „Renault“, како преговорите за сличен проект започнаа уште во 2013-та година, но тогаш не стануваше збор само за наследник на „Lancer“, туку и за поголем модел, кој ќе го замени „Mitsubishi Galant“. Од непознати причини, сепак преговорите запреа, а претставници на „Mitsubishi“ најавија дека немаат потреба од седан и ќе се насочат кон развој на теренци и кросовери.

„Не можеме повеќе да чекаме, бидејќи конкурентите на „Lancer“ веќе се обновија, а некои дури го направија тоа повеќе од еднаш. Дури сепак да најдеме партнер и да потпишеме договор за соработка, новиот „Lancer“ ќе се појави на пазарот не порано од 2017-та година“, коментира Сверинген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП