25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВојдан Стојановски уште две години во Морабанк Андора

Војдан Стојановски уште две години во Морабанк Андора

vojdan-stojanovski-andora

Војдан Стојановски пред четири месеци пристигна во редовите на шпанскиот прволигаш Морабанк Андора, ќе остане во тимот и во наредните две години.

„Војдан е важен играч за нашиот тим, па поради тоа работевме напорно за да го обезбедиме неговиот потпис“, изјавил за клупската интернет страница Франсеск Солана.

Македонскиот репрезентативец е најдобриот стрелец на тимот во вториот дел од сезоната со просечни 12,4 поени по натпревар.

Морабанк Андора сезоната во шпанската лига го заврши на 14-то место со скор од 12 победи и 22 порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП