ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер најплатен светски спортист

Мејведер најплатен светски спортист

fm-e1433941678273

Американскиот боксер Флојд Мејведер ја предводи листата на најплатени спортисти во светот објави Forbes.

Мејведер се наоѓа на врвот на листата со заработени 300 милиони долари, додека неговиот противник од ‘борбата на векот’, Мани Пакјао е втор, Филипинецот заработил 160 милиони долари.

Третата и четвртата позиција е резервирана за најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо (79,6) и Лео Меси (73,8), додека на петтото место е тенисерот Роџер Федерер (67 милиони долари).

Меѓу најплатените десет спортисти уште се и кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс (64,8), неговиот колега од Оклахома Кевин Дурент (54,1), потоа голферите Фил Микелсон (50,8) и Тајгер Вудс (50,6) и кошаркарот на ЛА Лејкерс Коби Брајант (49,5).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП