22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватскиот сојуз ја поддржа ФИБА

Хрватскиот сојуз ја поддржа ФИБА

aba fiba

Кошаркарскиот сојуз на Хрватска им забрани на своите клубови да играат во лига која ФИБА не ја признава. ФИБА од 1.мај не ја признава АБА лигата бидејќи челниците на регионалното натпреварување не ги доставиле потребните документи околу сопственоста на лигата.

Одлуката на Хрватскиот кошаркарски сојуз значи дека Цибона, Цедевита и Задар ќе мора да ја повлечат поддршката која и ја дадоа на регионалната АБА лига.

Хрватскиот сојуз по седицата на Управниот одбор се огласи со соопштение.

„УО на ХКС во целост ги поддржува актите на ФИБА и нема да им дозволи на хрватските клубови да настапуваат во лига која ФИБА не ја признава. За донесената одлука ХКС писмено ќе ги извести ФИБА и клубовите. Истовремено, во понатамошните разговори со ФИБА и националните сојузи во регионот, ХКС ќе поддржи секој предлог кој ќе донесе добро за хрватската репрезентација и клубовите“, стои во соопштението на ХКС.

ФИБА на сите регионални сојузи им определи рок до 18.јуни да одговорат на писмото кое до нив е испратено на 29.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП