ПочетнаИНТЕРЕСНОКедира потпиша четиригодишен договор со Јувентус

Кедира потпиша четиригодишен договор со Јувентус

kedira juve

Сами Кедира е новото засилување на Јувентус, откако постигна договор со раководството на тимот и потпиша договор за четири години.

Германскиот фудбалер пристигна во Торино како слободен агент, откако истече неговиот петгодишен договор со Реал Мадрид.

Кедира не успеа да се наметне на „Сантијаго Бернабеу“, а во последната сезона учествуваше во само 17 дуели на „белите“.

Сепак Германецот успеа да освои три трофеи во рамките на својот петгодишен престој во Мадрид – титулата на Шпанија, Купот на Кралот и Лигата на Шампионите.

Кедира, кој во принцип игра пред одбраната како дефанзивен играч за врска, може да покрие голем простор на теренот, а истовремено поседува одличен пас, добро шутира и има одличен поглед на играта.

Масимилиано Алегри е среќен што додаде во составот класа играч со меѓународно искуство, кој ќе го засили еден од најсилните средни редови во светот“, напишаа од Јувентус  на својата официјална страна.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП