4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома и Јунајтед во „битка“ за дефанзивецот на ПСЖ

Рома и Јунајтед во „битка“ за дефанзивецот на ПСЖ

van der vil

Грегори ван дер Вил е на пат да предизвика сериозен конфликт меѓу Рома и Манчестер Јунајтед. Дефанзивецот на ПСЖ може да ја продолжи кариерата во друг клуб, само доколку Англичаните и Италијанците се меѓу најзаинтересираните и најупорните за неговиот потпис.

Агентот на холандскиот репрезентативец, Мино Раиола е близок со спортскиот директор на „волците“ Валтер Сабатини и според „Le Parisien“ двајцата веќе се сретнале за да разговараат за евентуалниот трансфер.

Јунајтед сепак исто така има свој адут, бидејќи Ван дер Вил одлично се познава со менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал од нивната заедничка работа во националниот тим.

27-годишниот дефанзивец премина во ПСЖ од Ајакс во 2012-та година, но често е критикуван за настапите. Во последната сезона тој забележа 25 настапи и 1 гол во Лига 1. Договорот на Ван дер Вил со францускиот шампион истекува следното лето, но засега нема индикации за продолжување на истиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП