28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн и Делаведова за предност на Кливленд од 2-1

Леброн и Делаведова за предност на Кливленд од 2-1

lebi 00

Кошаркарите на Кливленд водат со 2-1 во финалната серија во НБА лигата, откако во првиот меч на домашен терен, вкупно трет во серијата, славеа над Голден Стејт со 96:91 (24:20, 20:17, 28:18, 24:36).

Кливленд имаше контрола врз играта во текот на целиот натпревар, во еден момент од третата четвртина и предност од 20 поени (68:48). Голден Стејт успеа да се врати во мечео, во финишот играчите на овој тим имаа напад за водство при резултат 81:80, но сепак не успеаја да направат целосен пресврт.

Леброн Џејмс одново го предводеше Кливленд со 40 поени, 12 скокови и 8 асистенции, но клучен играч во третиот меч беше Метју Делаведова кој покрај одличната одбрана која ја одигра врз Стеф Кари во првото полувреме зад своето име запиша и 20 поени.

Кај Голден Стејт најефикасен беше Кари со 27 поени, но МВП-то на сезоната одигра катастрофално во првиот дел во кој постигна само три поени, но она што е некарактеристично за него упати само шест шутеви кон противничкиот кош.

Наредниот натпревар ќе се одигра во ноќта помеѓу петок и сабота, во три часот, а домаќин повотрно ќе биде Кливленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП