Хрватскиот фудбалски тренер Славен Билиќ е именуван за нов менаџер премиерлигашот Вест Хем Јунајтед. Билиќ на „Аптон Парк“ ќе го замени Сем Алердајс, кој на клупата на овој тим се задржа во изминатите четири сезони.

Билиќ е омилен кај навивачите на Вест Хем, бидејќи во минатото го носеше дресот на „чеканите“. Тој во Лондон доаѓа од турски Бешикташ, а со Вест Хем потпишал тригодишен договор.
Хрватот дресот на Вест Хем го носел во сезоната 1996/97 кога одиграл вкупно 55 натпревари и постигнал два гола.
Билиќ минатиот месец најави заминување од Бешикташ, откако во две сезони не успеа да ја освои титулата, а оваа сезона не успеа да се квалификува ниту во Лигата на шампионите.
Тренерската кариера ја започнал во 2001 година во сплитски Хајдук, потоа бил селектор на хрватската репрезентација и Локомотив Москва.