12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНикола Митревски потпиша за РК Бенфика

Никола Митревски потпиша за РК Бенфика

mitrevski benfika

Никола Митревски (29) го напушти ракометниот клуб Металур и кариерата ќе ја продолжи во португалскиот шампионат, во дресот на Бенфика.

Трансферот на Митревски е потврден и на официјалната интернет страница на седумкратниот шампион на Португалија и четирикратниот освојувач на националниот Куп.

„Знам дека доаѓам во еден од најдобрите и најголеми португалски клубови, кој има голема историја. Клубот сака да направи одреден напредок, сакаат титула, а јас доаѓам за да помогнам да се оствари целта“, рекол Митревски за интернет страницата на Бенфика.

Инаку Бенфика последниот трофеј го има освоено во 2013-та година во Суперкупот, додека последната шампионска титула е освоена во сезоната 2007/2008.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП