5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите не знаеле за конфликтот меѓу ФИБА и АБА

Клубовите не знаеле за конфликтот меѓу ФИБА и АБА

aba fiba

Судирот на релација ФИБА – АБА кој ја тресе кошаркарската сцена во регионот можел да биде спречен доколку играчите и клубовите биле од самиот почеток запознаени со проблемот. Како што пишува Б92 на својата интернет страница, сé започнало во декември минатата година кога по писмен пат започнале несогласувањата меѓу ФИБА и АБА д.о.о. Со оваа прва преписка ниту еден од клубовите во АБА лигата не бил запознаен.

Иако на почетокот се шпекулираше дека клубовите се извор на проблемот, сепак, сега се открива дека челниците на ФИБА и АБА, не известиле никого за преписката која го покрена судирот, а потоа се претвори во ултиматум на ФИБА до националните сојузи во регионот.

ФИБА првото писмо на адресата на АБА го испратила уште на 3-ти декември 2014, а во писмото биле поставени три прашања:

1. Каков е правниот статус и односот меѓу АБА – Сидро д.о.о, Јадранското кошаркарско здружение и АБА лигата?

2. Дали оснивачките акти на АБА Сидро д.о.о некогаш биле дополнувани и изменувани, и доколку тоа се случувало да биде доставен примерок со дополнувањата и измените, како и важечките верзии и истите да бидат преведени на англиски јазик.

3. Дали АБА лигата формално ја признаваат сите национални сојузи чии тимови учествуваат во натпреварувањето? Доколку тоа е така, тогаш да бидат доставени примероци со изјави од сите национални сојузи и истите да бидат преведени на англиски.

Ова писмо е поводот за повеќемесечната коминикација по писмен пат меѓу ФИБА и АБА д.о.о која резултираше со одлуката на Светската кошаркарска федерација од својот регистер да го избрише регионалното кошаркарско натпреварување чие седиште е во Љубљана.

По неколкуте неуспешни обиди да дојде до одговори на клучните прашања каква е врската меѓу физичките лица, лигата и претпријатието АБА-Сидро д.о.о, ФИБА на 9-ти март оваа година ја соопшти својата конечна одлука.

Официјалното соопштение на ФИБА покрај до претседателот Роман Лорбек, било испратено и до националните кошаркарски сојузи на Македонија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Бугарија и Унгарија.

„Одборот на ФИБА Европа одлучи дека повеќе не ја признава Јадранската лига. Оваа одлука започнува да важи по завршувањето на сезоната 2014/2015, односно на 1-ви мај 2015 година“, стои во последното писмо на ФИБА.

Дополнителните компликации настанале бидејќи клубовите ниту на 13-ти април на состанокот во Белград, ниту на 19-ти мај на состанокот во Љубљана, не знаеле дека постојат вакви писма. Клубовите или „акционерите“ на Јадранската лига, поради тоа што не биле известени за постоењето на овие писма претрпеле огромна штета.

Ова, исто така, значи дека потписите на состанокот во Љубљана на овој начин биле само „мртво слово на хартија“ и со својата неинформираност ја поттикнале ФИБА да тргне во дополнителна акција која заврши со поставување на ултиматум.

Клубовите кои на 19-ти мај го потпишаа документот од Љубљана, сега ќе мораат да го повлечат со дополнителни дописи, а сé со цел да ги сочуваат од санкции на ФИБА своите национални тимови. Клубовите дописите во кои се оградуваат од она што го потпишале во Љубљана ќе мора да ги испратат на адреса на ФИБА, а не на адреса на своите национални федерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП