Фудбалерот на Челзи, Фелипе Луис ја одбил понудата од Реал Мадрид!?
Овој дефанзивец, како што денеска наведуваат шпанските медиуми, би прифатил единствено понуда на Атлетико Мадрид, клуб во чиј дрес и се докажа како играч.
Потсетуваме, Луис минатото лето (2014-та) го напушти Атлетико и се пресели во редовите на Челзи, но во изминатава сезона не се наметна кај тренерот Жозе Мурињо.
Како што објави „Марка“, Луис на својот агент Хорхе Мендеш му рекол дека не е заинтересиран за Реал Мадрид и дека би ја прифатил само понудата на својот поранешен клуб, кој и се доведува во врска со Луис.
Најверојатно, Мурињо би можел овој фудбалер да го искористи како дел од пакетот за Антоан Гризман, кој во последно време често го поврзуваат со „сините“ од Лондон.
Челзи и Атлетико имаат одлична соработка, која во последните неколку години може да се забележи со траснферите на Тибо Куртоа, Диего Коста, но и споменатиот Луис, како и Фернандо Торес.