10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШиков поради повреда ја пропушта Словачка

Шиков поради повреда ја пропушта Словачка

vance sikov 002

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков поради повреда на градниот мускул нема да биде во комбинација за настап во натпреварот против Словачка на 14-ти јуни во Жилина.

Еден од најискусните дефанзивци во националниот тим индивидуално тренирал во првата фаза од подготвителниот период, а по вечерниот тренинг во понеделникот, било јасно дека повредата и болката во градниот мускул му создава проблеми и дека тој нема да може да игра против Словаците.

Инаку, новиот селектор, Љубинко Друловиќ, од денеска на располагање ќе ги има сите фудбалери, откако на репрезентацијата ќе и се приклучи и Ферхан Хасани.

Македонија ќе и гостува на Словачка во Жилина на 14-ти јуни, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП, мечот ќе започне во 20.45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП