18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи дава 30 милиони фунти за Игуаин

Челзи дава 30 милиони фунти за Игуаин

gonzalo iguain 2249

Раководството на Челзи ќе упати понуда во вредност од 30 милиони фунти за напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин, информира „Мирор“. Тој треба да го замени Дидие Дрогба кој по втор пат го напушта клубот.

Менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо има одлични односи со Аргентинецот од нивниот престој во Реал Мадрид. Токму тоа може да биде од голема корист за „сините“. Интерес за Игуаин има и од други англиски клубови.

По се изгледа дека напаѓачот ќе си замине Наполи, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а тренерот Рафаел Бенитез исто така си замина за да седне на клупата на Реал Мадрид.

Во изминатата сезона 27-годишниот Игуаин постигна 29 гола во 58 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП