3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го договори Дани Ингс

Ливерпул го договори Дани Ингс

dani ings 33

Ливерпул и Барнли ги договориле условите за трансферот на напаѓачот Дани Ингс. Како што соопшти Ливерпул, 23-годишниот напаѓач ќе потпише договор со клубот доколку на 1-ви јули ги мине лекарските прегледи.

Дани Ингс оваа сезона постигна 11 голови во Премиерлигата, но тоа не му помогна на Барнли да го сочува местото во најсилната англиска конкуренција.

Покрај Ливерпул интерес за Ингс покажуваа уште Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед.

Како што пренесоа британските медиуми, Барнли ќе добие компензација за трансферот бидејќи Ингс се уште нема 24 години, а доколку клубовите не се договорат околу сумата, тогаш до решение ќе се дојде по судски пат.

Ингс ова лето ќе игра за младата репрезентација на Англија на ЕП во Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП