23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Скок на Вавринка, најлош пласман на Надал во последната деценија

АТП: Скок на Вавринка, најлош пласман на Надал во последната деценија

sten 333

Стaн Вавринка, победникот на Ролан Гарос, напредуваше пет позиции на најновата АТП листа, додека Рафа Надал го бележи најлошиот пласман во последните 10 години. На врвот и покрај поразот во финлето во Париз, Новак Ѓоковиќ има огромна предност пред Роџер Федерер.

Ѓоковиќ на врвот на АТП листата има 13.845 бодови, односно 4.430 бодови повеќе од Федерер кој се наоѓа на второто место. Третата позиција ја задржа Енди Мари (7.040) бодови, додека на четвртото место се врати Вавринка (5.845), кој напредуваше за пет позиции.

Топ 5 на АТП листата завршува со јапонецот Кеи Нишикори кој не се прослави на Ролан Гарос (5.050).

Томаш Бердих назадуваше за две места, тој сега е шести светски рекет и има ист број на поени како и Нишикори, Давид Ферер од осмата позиција „скокна“ за едно место (4.490), Милош Раониќ кој поради повреда не настапи во Париз „падна“ за две позиции (4.440) и се наоѓа на осмото место.

Топ 10 завршува со Марин Чилиќ (3.460) и Рафаел Надал, кој не ја одбрани титулата на Ролан Гарос (испадна од Ѓоковиќ во четвртфиналето) и сега е десетти на светот (2.930).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП