16 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 08.06.2015 до 14.06.2015

Неделен хороскоп – 08.06.2015 до 14.06.2015

anita-hor-zod

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Ви претстои сериозен и искрен разговор со партнерот, бидејќи некои работи кои се случиле во последно време не се добри и на ниту еден од вас не му било драго за тоа. Некои претставници на овој знај ќе бидат во ситуација да избираат помеѓу љубовта и пријателството.

РАБОТА: Оваа недела ќе повлекувате коректни и точни деловни потези. Држете ја главата ладна при одлуките, анализирајте па потоа донесете ја одлуката. Приликите кои се пред вас не би требало да ги пропуштите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Потрудете се веќе на почетокот на неделата да ги средите проблемите на работа за да ја унапредите комуникацијата со блиските, кои веќе некое време чекаат повторно да им обрнете внимание. Не се лутете, навистина сте ги занемариле.

РАБОТА: Она што не ви се допаѓа предолго го држите во себе, а Венера во Бик едноставно не ви дозволува да молчите. Не се воздржувајте, кажете што мислите, но сепак се што кажувате замотајте го во дипломатски реченици со цел никого да не повредите.

ЗДРАВЈЕ: Стресот се насобрал, исфрлете го со вежбање и здрава исхрана.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Се подготвува невреме, бидете сигурни дека имате поддршка од најблиските, семејството и пријателите. Објаснете им за што се работи, бидете искрени и претставете ги плановите кои ги имате. Тоа е единствениот начин на кој ќе ги придобиете на своја страна. Партнерот ќе ве подржи но мора да бидете искрени.

РАБОТА: Планетите ве поттикнуваат на истражување на идеите, но проблемот е во тоа што некои колеги нема да ве сфатат. Искористете го својот шарм со цел нештата да ги завртите кон вас.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро, без грижи.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе имате среќни и позитивни моменти со партнерот, ќе одлучите да отпатувате некаде. На вашето задоволство ќе му нема крај. Искористете го времето за заеднички да испланирате нешто важно за во иднина.

РАБОТА: Мора да бидете посилни и да не се нервирате од постапките на некој ваш колега. Се ќе биде во ред само доколку го прифатите како таков. Не ставајте се на срце, има и поважни работи во животот.

ЗДРАВЈЕ: Главоболките и заморот се последица од стресот, време е за одмор.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Оваа недела ќе дојде до обновување на љубовното поле, оние кои се во врска ќе го обноват односот на подобро со партнерот, а оние кои се сами ќе пронајдат некоја сродна душа.

РАБОТА: Мора да сте очајни бидејќи работите многу напорно, но тоа никој не го цени. Не се нервирајте ќе дојде до промени, само потребно е да го почекате совршениот момент. Внимавајте да не забегате со идеите кои се премногу оптимистични за моменталната ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Прилично добро, обрнете внимание на исхраната.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Иако ситуацијата на приватен план не е блескава, имате сила за борба. Познати сте по тоа што во најлошите ситуации делувате ладнокрвно и прибрано, па искористете ја таа способност за да ги решите несогласувањата со партнерот и семејството.

РАБОТА: Порано или подоцна ќе мора да донесете одлука како понатака ќе се движите во кариерата, бидејќи понудата за партнерство нема да ве чека засекогаш. Затоа, би било подобро да одвоите малку време за детална анализа на можностите отколку да чекате работите да се решат сами.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на бубрезите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Оние кои се во долга врска никако да се убедат себеси за чекор понатаму, а јасно е дека грешат. Нека не ве нервираат барањата на партнерот, едноставно сфатете дека и вие имате свои барања.

РАБОТА: Оваа недела ќе имате бурен период во кој деловните обврски ќе ве преплават. Тоа е резултат на напредокот на компанијата во која работите, па затоа веднаш започнете да ги финализирате обврските.

ЗДРАВЈЕ: Можни се телесни повреди, внимавајте.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Ситуацијата во семејството се повеќе се претвора во отворен конфликт, но вие сеуште би требало да држите дистанца за да не влетате во нешто за што не знаете доволно. Трепението е клучниот збор, без оглед колку повредено се чувствувате.

РАБОТА: Некои работи на работа ќе ви го отворат умот за работите кои сте ги знаеле, но не сте ги занемарувале. Токму тука лежи магичното стапче со кое ќе ги подобрите нештата и работите ќе ги завртите во ваша корист.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Ве очекува интересна средба со некоја личност која ја знаете од минатото но не сте ја забележале и запомниле. Ќе поминете прекрасни моменти заедно па можно е од оваа средба да очекувате и нешто посериозно. Оние кои веќе се во врска ќе се зближат уште повеќе со партнерот и заеднички ќе ја планираат иднината.

РАБОТА: Стагнација која кратко ќе трае. На крајот на неделата ќе дојде до промена која ќе ви донесе повеќе проекти за кои ќе биде потребно повеќе да се ангажирате. Не се грижете тоа ќе ви донесе одлична заработка.

ЗДРАВЈЕ: Можни се главоболки, практикувајте прошетка во природа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Долгата врска би можела конечно да носи плодови кои ги очекувате веќе подолго време, но бидете трпеливи уште малки бидејќи не е возможно да ги остварите сите желби одеднаш.

РАБОТА: Можни се промени на работното место или промена на работното место. Сепак, тоа на вас позитивно ќе влијае, а вие конечно ќе го добиете тоа што одамна сте го заслужиле. Нека не ве нервира однесувањето на колегите, тоа е моментално.

ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди на мускулите, внимателно со физичките активности.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Ако многу добри нешта сте научиле од сопствените грешки, сега нема да направите уште една. Во случај да не сте, некое време бидете внимателни, додека не сфатите што е тоа што ве прави неодлучни во врска со една нова врска.

РАБОТА: Нема да бидете способни да одговорите на сите зададени задачи. Колегите ќе ве покријат, но внимавајте тоа нема да трае вечно. Пронајдете начин како да ја зголемите продуктивноста, бидејќи во спротивно можно е намалување на приходите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Во љубовното поле се подготвуваат мали позитивни изненадувања кои вистински ќе ве израдуваат. Нека не ве загрижуваат промените, тие ќе ја подобрат ситуацијата. Одлучете и вие некако да придонесете за подобра врска, подгответе му изненадување на партнерот.

РАБОТА: На работното место ништо ново, можно е да посакате да избегате од секојдневните задачи па ќе се обидете да излажете дека ви е потребно отсуство за приватни проблеми. Слободното време посветете му го на размислувањето и креирањето на планови за во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП