2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе втор во Чешка

Иџе втор во Чешка

idze 00

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои второто место во групата Н па петтата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки која се одржа на патеката Еце Хомо, во Штернберг, Чешка.

Во многу силна и бројна конкуренција Иџе го повтори резултатот од лани, а побрз од него беше домашниот тркач Јири Лос. Третото место во оваа конкуренција го освои уште еден домашен возач, Мартин Јерман.

Стефановски го задржа убедливото водство со 118 бода од пет трки, а сега на второто место е Чехот Јаромир Мали кој победи во групата А и досега има освоено 86 бода.

Следната трка се вози за две недели во Лиманова, Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП