
Барселона потврди дека десното крило на Севилја, Алеиш Видал (25) со клубот потпишал петгодишен договор.


Барселона потврди дека десното крило на Севилја, Алеиш Видал (25) со клубот потпишал петгодишен договор.
Од редовите на новиот европски првак не откриваат колку изнесува трансферот на Видал, но јасно е дека тој за својот нов клуб ќе може да настапува од јануари наредната година, кога на Барселона ќе и заврши забраната за трансфери.
Видал може да ги покрива сите позиции по десната аут линија и би можел да биде замена за Дани Алвес доколку тој се реши да ја напушти Барселона.