21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА ќе ги суспендира сојузите кои ја поддржуваат АБА

ФИБА ќе ги суспендира сојузите кои ја поддржуваат АБА

aba-fiba

Сите национални кошаркарски сојузи кои ја поддржаа АБА лигата ќе бидат суспендирани, што значи дека на тие репрезентации ќе им биде забранет настапот на натпреварувањата кои ги организира ФИБА, пишува белградскиот весник „Новости“ на својата интернет страница.

Клубовите кои ја поддржаа АБА лигата, ќе мора писмено да ја повлечат истата или нивните национални сојузи ќе се соочат со сериозни последици.

За потсетување, клубовите кои ја поддржаа АБА лигата без оглед на тоа што нејзините челници не префрлија во целост сопственоста на клубовите се Цибона, Задар, Цедевита (Хрватска), Олимпија и Крка (Словенија), Игокеа (БиХ), Будуќност (Црна Гора), Партизан, Металац, Мега Лекс (Србија) и МЗТ (Македонија).

ФИБА неколку пати бараше од АБА лигата да и биде доставена комплетната документација околу сосптвеноста, но челниците на регионалното натпреварување одбија да го направат тоа, по што ФИБА се реши да ја укине лигата.

Потоа на 19.мај клубовите станаа сосптвеници на 80 отсто од лигата, што е спротивно со барањето на ФИБА, лигата 100 отсто да биде во сопственост на клубовите.

Пред да започне со санкциите ФИБА на клубовите ќе им даде рок од десет дена да ги повлечат своите потписи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП