28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон победи во Канада

Хамилтон победи во Канада

Image (48)

Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Канада, седма во годинешниот шампионат на Формула 1. Британецот на патеката „Жил Вилнев“ победи со време од 1:31:53.145 часа.

Хамилтон до третата победа сезонава, вкупно 37-ма во кариерата дојде со сигурно возење откако на чело беше од стартот до крајот на трката.

Второто место со две секунди заостанување го освои Нико Розберг, исто така возач на Мерцедес, додека место на победничкиот пиедестал избори и возачот на Вилијамс Валтери Ботас.

Трката за Големата награда на Канада не донесе никаква неизвесност кога е во прашање борбата за првото место, Хамилтон во целост ја контролираше трката и во ниту еден момент не му дозволи на тимскиот колега да му се приближи.

Ботас до третото место стигна благодарение на грешката која по излегувањето од боксот ја направи Кими Раиконен.

Добра трка возеше Себастијан Фетел, која иако стартуваше од 18-та позиција, а по само неколку кругови се најде на последното место, сепак на крајот ја освои петтата позиција.

Бодови во Канада освоија уште и Маса (Вилијамс), Малдонадо (Лотус), Хилкенберг (Форс Индија), Квјат (Ред Бул) и Грожан (Лотус).

Наредната трка во првенството на Формула 1 е на 21.јуни, кога же се вози Големата награда на Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП