19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ќе испрати понуда за Бензема!?

Јунајтед ќе испрати понуда за Бензема!?

u benzema

Францускиот напаѓач Карим Бензема својата кариера би можел да ја продолжи на Островот каде ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

Како што наведуваат англиските медиуми, дирекорот на Јунајтед, Ед Вудворд веќе започнал преговори со челниците на Реал Мадрид за евентуален трансфер на Бензема на „Олд Трафорд“.

Раководството на премиерлигашот е подготвено да понуди околу 55 милиони евра за 27-годишниот напаѓач кој не е во плановите на новиот тренер на гигантот, Рафаел Бенитез.

Минатата сезона во дресот на „кралевите“ Бензема постигна 22 гола и забележа уште 15 асистенции и ако направи трансфер – сигурно ќе биде големо засилување за Ван Гал кој најави дека сака наредната сезона да ја нападне титулата во англиската елита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП