18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИValve детално го претстави контролерот Steam (видео)

Valve детално го претстави контролерот Steam (видео)

lud kontroler

„Valve“ објави видео презентација на идниот „Steam“ контролер со кој ветуваат дека играчите повеќе нема да мораат да бираат помеѓу прецизни контролери кои нудат тастатура/глувче во комбинација и комфортот кој го има со играњето со „Јoypad“.

Како што веќе имавме можност да видиме, контролерот на „Valve“ во голема мера се разликува од оние кои денеска се достапни на пазарот.

На предната страна се наоѓаат два големи округли „touchpad“ со „haptic feedback“ можности, како и една стандардна аналогна „печурка“. На задната страна има аналогни „тригери“, како и дигитални копчиња од кои особено се интересни двата кои се поставени како идеално решение за „пукачи“.

„Steam Controller“ во Европа ќе чини 55 евра. Уредот ќе се појави во продажба на 10-ти ноември, а доколку однапред го нарачате, тој ќе може да биде ваш на 16-ти октомври.

Официјалната видео презентација:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП