8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони продал 48 отсто од акциите на Милан

Берлускони продал 48 отсто од акциите на Милан

Image (43)

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, на бизнисменот Би Таечаубол му продал 48 отсто од акциите на клубот.

Нацрт договорот, кој ќе биде детално испитан, им гарантира на Берлускони и Фининвест дека ќе ја имаат контролата врз клубот, односно дека ќе имаат 52 отсто од сопственоста врз клубот.

„Конзорциумот кој го преставува госпидинот Таечабол ќе има удел од 48 отсто во клубот“, се вели во заедничкото соопштение на Фининвест и Таечабол.

Договорот во дело ќе биде спроведен во наредните два месеци, а италијанските медиуми процецениле дека Берлускони, кој клубот го процени на една милијарда евра, ќе добие 480 милиони евра.

„Ова ми овозможува да го задржам мнозинскиот пакет на акции и претседателската функција. Некој кој толку добро го познава азискиот пазар ќе го развие комерцијалниот аспект на Милан во Азија“, рекол Берлускони.

На новинарско прашање дали Синиша Михајловиќ ќе биде новиот тренер, тој кусо одогворил: „Имам добро претчувство во врска со Михајловиќ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП