8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрекинат мечот Ѓоковиќ-Мари, Вавринка прв финалист на РГ

Прекинат мечот Ѓоковиќ-Мари, Вавринка прв финалист на РГ

Image (42)

Второто полуфинале на Роланд Гарос помеѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мари ќе се доигра в сабота, откако поради лошите временски услови беше прекинато при резулат 2:1 во сетови за српскиот тенисер и 3:3 во четвртиот сет. Супервизорот на мечот на тенисерите им соопшти дека над Париз се подготвува невреме и поради тоа мечот мора да биде прекинат.

Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 6:3, 6:3, во третиот Мари возврати со 5:7, а во четвртиот резултатот е 3:3.

Инаку двајцата тенисери се наоѓаат во одлична серија од по 15 победи на земјена подлога. Ѓоковиќ се обидува да стигне до третото, а Мари до првото финале на Роланд Гарос.

Инаку прв финалист на вториот Грен Слем во сезоната е Швајцарецот Станислас Вавринка кој во четири сета (6:3, 6:7, 7:6, 6:4) славеше над домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга.

Полуфиналето помеѓу Вавринка и Цонга го решија неискористените брејк шанси за Цонга, францускиот тенисер искористи само една од 17-те брејк топки кои ги имаше во текот на мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП