9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕмери во Севилја до 2017 година

Емери во Севилја до 2017 година

Unai Emery

Тренерот на Севилја Унаи Емери го продолжил договорот со клубот до 2017 година тврди француски „L`Equipe“. Емери кој на клупата на Севилја се наоѓа од 2013 година годишно ќе заработува по 2,5 милиони евра што го прави најплатениот тренер во историјата на клубот од Андалузија.

Инаку Емери, во четвртокот, ја одбил понудата на Наполи кој остана без тренер откако Рафа Бенитез се пресели во Реал.

Во текот на кариерата Емери бил тренер на Реал сосиедад, Алемрија, Валенсија и Спартак од Москва.

Севилја предводена од Емери минатата недела го одбрани трофејот во Лига Европа, во финалето славеше над Дњипро со 3:2, со што избори директен пласман во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП