19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМуарем три години во Ескишехирспор

Муарем три години во Ескишехирспор

Muarem-potpis

Репрезентативецот на Македонија, Муарем Муарем (26), ја официјализираше соработката со фудбалскиот клуб Ескишехирспор. Муарем, со турскиот клуб потпишал тригодишен договор.

Играчот од средниот ред во Ескишехир доаѓа од азербејџанскиот Карабах, во чиј дрес за три сезони одигра 99 натпревари и постигна 17 голови.

Муарем има искуство од турското првенство, бидејќи во минатото една година бил член на Ордуспорт, а во кариерата има настапувано уште и за Скопје и Работнички.

Муарем Муарем од Турција доаѓа во Скопје на подготовките на македонската репрезентација за мечот со Словачка во Жилина на 14-ти јуни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП