21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони се пишмани, не го продава Милан

Берлускони се пишмани, не го продава Милан

berlusconi-milan

Претседателот на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, ја одбил понудата на кинескиот бизнисмен Би Таечаубол за продажба на клубот.

Таечаубол на Белускони му понудил сума од една милијарда евра за мнозинскиот пакет на акции на седумкратниот европски првак.

Сепак како што пренесува „Gazzeta dello Sport“, по последниот состанок Берлускони се премислил и на Таечаубол му понудил да му продаде помал дел од акциите на клубот. Берлускони рекол дека има намера уште долго време да го предводи Милан.

Оваа одлука на Берлускони ќе ги израдува навивачите на Милан, кои во финишот на сезоната ги бојкотираа натпреварите на ’росонерите’ поради најавената продажба на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП