2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе викендов ќе се трка во Чешка

Иџе викендов ќе се трка во Чешка

idze 300

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе викендов ќе настапи на петтата трка од Европското првенство на ридски патеки. Иџе кој ја брани титулата во својата класа, на патеката „Еце Хомо“ во Штернберк, ќе се обиде да ја забележи петтата сезонска победа, откако на претходните четири трки имаше максимален ефект.

Инаку патеката „Еце Хомо“ не му остана во добро сеќавање на Иџе од минатогодишниот настап, кога со доста проблеми го освои второто место.

„Чудна и зла патека е „Еце Хомо“. Не беа само сударите во прашање лани, туку од тие оштетувања почнаа компликациите во продолжението на сезоната и многу драматични моменти кога бевме блиску до откажување од сезоната. Минатата, дебитантска година, го плативме данокот на неискуството и направивме лош избор на гуми за таа трка“, изјави Иџе.

Патеката во Чешка е долга 7.800 метри, просечна брзина изнесува 125 километри на час, а за трката се пријавени 117 натпреварувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП