11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколари го наследи Канаваро во Гвангжу

Сколари го наследи Канаваро во Гвангжу

skolari 333

Фудбалскиот клуб од Кина, Гвангжу Евергранде, објави дека Бразилецот Луис Фелипе Сколари е новиот тренер. Сколари потпишал две ипол годишен договор, а на клупата ќе го наследи Фабио Канаваро.

Гвангжу по 13 рунди во кинеската Суперлига се наоѓа на првото место, а исто така избори пласман и во четвртфиналето на Лигата на шампионите на Азија, но овие резултати не беа доволни Канаваро да остане во тимот.

Канаваро во Гвангжу, во декември минатата година, го наследи својот некогашен селектор Марчело Липи, кој со овој тим освои три титули во домашното првенство и една во Лигата на шампионите.

Гвангжу од 2010-та година на засилувања потрошил околу 120 милиони долари, а во клубот играат двајца Италијанци и четворица Бразилци. Сколари претходно поднесе оставка во Гремио, поради лошите резултати. Екс селекторот на Бразил има искуство со фудбалот во Азија, бидејќи работеше во Јапонија, Кувајт, Саудиска Арабија и Узбекистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП