2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГетлин во Рим трчаше 9,75 секунди

Гетлин во Рим трчаше 9,75 секунди

justin gat

Американскиот атлетичар Џастин Гетлин, на Златниот Гала митинг кој се одржа во Рим, на делницата од 100 метри оствари време од 9,75 секунди. Овој резултат е за 0,01 секунда полош од најдобриот резултат постигнат оваа сезона, а е во сосптвеност токму на Гетлин.

Американскиот спринер го постави најдобриот резултат на патеката во Рим, претходно во 2012-та година Болт оствари време од 9,76 секунди.

По трката Американецот изјавил дека на Светското првенство во Пекинг би можел уште повеќе да се доближи до светскиот рекорд на Јусеин Болт (9,58 секунди).

Второто место го освои европскиот првак во сала, Џими Вико (9,98), а трет беше сонародникот на Гетлин, Мајк Роџерс кој имаше исто време како Вико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП