19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС поведе во финалната серија со Кливленд

ГС поведе во финалната серија со Кливленд

lebron-james-harrison-barnes-c8641836d07220e7

Голден Стејт Вориорс стигна до предност од 1-0 во финалната серија во НБА лигата, откако во на домашен терен, по едно продолжение, славеше над Кливленд со 108:100. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 98:98.

Стеф Кари со 26 поени, 4 скока и 8 асистенции, односно Клеј Томпсон со 21 и 6 скока го предводеа шампионот на Западот до првата победа во финалната серија. Покрај овие двајца уште тројца играчи на Голден Стејт постигнаа двоцифрен број на поени: Харисон Барнс (12 поени, 6 скока), Дрејмонд Грин (11 поени, 6 скока) и Андре Игудала (15 поени).

Кливленд не успеа да го избегне поразот иако Леброн Џејмс имаше вистинско шоу на паркетот во Оукленд. ’Кралот’ мечот го заврши со 44 поени, 8 скока, 6 асистенции. Поголемиот број играчи во ротацијата го решија победникот, Кливленд на овој меч играше со осум играчи од кои шестмина постигнуваа поени.

Покрај Џејмс двоцифрен ефект кај Кливленд имаа уште Кајри Ирвинг (23 поени, 7 скока, 6 асистенции) и Томофеј Мозгов (16 поени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП