1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСафарова прва финалистка на Ролан Гарос

Сафарова прва финалистка на Ролан Гарос

_83426613_safa_ap

Луси Сафарова го оствари најголемиот успех во кариерата откако успеа да избори пласман во финалето на Ролан Гарос. Чешката тенисерка во полуфиналето славеше над Ана Ивановиќ со 7:5, 7:5, во меч кој траеше еден час и 52 минути.

Покрај пласманот во финалето, Сафарова се избори и за најдобриот рејтинг во кариерата, од понеделник таа ќе биде меѓу најдобрите десет на ВТА листата. Од друга страна, Ивановиќ не успеа да го повтори успехот од 2008 година кога играше во финалето и го освои турнирот.

Српската тенисерка подобро го отвори мечот, имаше контрола до резултатот 5:2 и од тој момент нејзината игра целосно се распадна. Сафарова освои пет гема во низа и го доби сетото со 7:5.

Каде што застана во првиот Сафарова продолжи и во вториот сет, успеа да направи брејк на самиот почеток и предноста ја одржуваше сé до десеттиот гем, кога Ивановиќ ја искористи нервозата во игарата на противничката и успеа да израмни на 5:5.

Сепак, веќе во следниот гем Сафарова одново успеа да ѝ го одземе сервисот на противничката, а во 12-от гем ја искористи третата меч топка и го оствари најдобриот резултат во кариерата.

Сафарова во финалето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Серена Вилијамс и Тимеа Башчински.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП