15 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПозитивен резултат против Исланд за добар старт на У21 квалификациите

Позитивен резултат против Исланд за добар старт на У21 квалификациите

mlada rep

Младата фудбалска репрезентација, играчи до 21 година, на 11-ти јуни со гостување кај Исланд ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017-та.

За настап на континенталниот шампионат чиј домаќин ќе биде Полска, Македонија ќе се бори против Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска. Интересна и силна група од која првопласираниот обезбедува директен пласман, додека четирите најдобро второпласирани репрезентации ќе играат дополнителен бараж за место на европскиот шампионат.

„Општ впечаток е дека репрезентациите во нашата група по квалитет се изедначени, со исклучок на Франција, која е фаворит за првото место. Имаме добра генерација, и сметам дека можат да се надигруваат со сите. Во сите натпревари ќе се бориме и ќе го дадеме нашиот максимум. Посакувам позитивен резултат против Исланд, како за почеток на квалификациите, што ќе биде мотив плус за сите нас“, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.

Дефанзивецот на францускиот Рен, Ѓоко Зајков ја посочи одличната атмосфера во селекцијата како нешто што на секој играч му дава дополнителна енергија, за да се почне со позитивен резултат на гостувањето во Хафнарфјордур на 11-ти јуни.

„Одлично е тоа што подготовките за натпреварот траат подолго од вообичаеното, што за нас е важно за да останеме во натпреварувачка форма. Атмосферата во тимот е одлична, ние сме семејство, тоа е нешто што му дава дополнителна енергија на секој играч во составот. Јасно е дека оваа генерација поседува квалитет, ние знаеме што сакаме и се надевам дека ќе го оствариме зацртаното, а тоа е да даваме максимум на секој натпревар и да се радуваме на позитивни резултати“, вели Зајков.

До 8-ми јуни младите репрезентативци ќе се подготвуваат во Охрид, а ден потоа заминуваат за Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП