20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовицки ќе игра на Евробаскетот

Новицки ќе игра на Евробаскетот

dirkco

Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки, потврди дека ќе ја предводи Германија на Европското првенство.

„Ја завршив сезоната порано поради што и ќе имам можност да играм на Европското првенство. Имам идеална можност да се простам од репрезентацијата на домашен терен. Ќе се обидеме да направиме добар реузлтат“, ја пренесува „Bild“ изјавата на Новицки.

Крилниот кошаркар оваа сеозна во дресот на Далас во просек по натпревар бележел по 17,3 поени, 5,9 скокови и 1,9 асистенции.

Новицки последен пат за Германија настапи во 2011-та година на Европското првенство во Германија, тој беше член на тимот кој во 2002-ра година го освои бронзениот медал на Светското првенство во Индијанаполис, а во 2005-та година кога Германија го освои сребрениот медал на Европското првенство во Белград беше прогласен за МВП на турнирот.

Германија е една од четирите земји кои ќе бидат домаќини на првата фаза на Европското првенство, во Б групата противници ќе и бидат Шпанија, Србија, Турција, Италија и Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП