18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалската репрезентација напредуваше на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација напредуваше на ФИФА листата

mkd avstralija

Фудбалската репрезентација на Македонија, претстојниот квалификациски дуел со Словечка ќе го дочека како 100-та селекција на ФИФА листата. Интересно, иако не одигра ниту еден натпревар од последното рангирање Македонија напредуваше за пет места на ФИФА листата.

Прогрес од две места на ФИФА листата бележи и Словачка, репрезентацијата со која Македонија ќе игра на 14-ти јуни во Жилина, се наоѓа на 17-то место.

Во квалификациската група во која се Македонија и Словачка најдобар рејтинг според ФИФА има Шпанија (10), а зад Словачка се Украина (35) и Белорусија (80), а најлош рејтинг има Луксембург (131).

Кога станува збор за елитното друштво на светскиот репрезентативен фудбал Германија е на првото место, а втора е Белгија пред Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција (која напредуваше за две места) и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП