7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПреседан на повидок - Јунајтед испрати понуда до Ливерпул!

Преседан на повидок – Јунајтед испрати понуда до Ливерпул!

sterling roni

Уште од 1964-та година и трансферот на Фил Криснал, ниту еден фудбалер директно се нема преселено од Јунајтед во Ливерпул, и обратно.

Навистина, имаше фудбалери кои го имаат носено и едниот и другиот дрес, но никогаш од тогаш директно од таборот на едниот лут ривал во редовите на другиот.

Дали ова лето ќе бидеме сведоци во пишувањето на историјата?

Луис ван Гал ќе потруди тоа да се случи. Холанѓанецот сака својот тим да го засили со доведувањето на Рахим Стерлинг, па поради тоа раководството на Јунајтед веќе испрати понуда на адреса на најголемиот ривал, јавуваат англиските медиуми.

20-годишниот фудбалер е пред заминување од „Енфилд“, не потпиша нов договор со својот клуб, а неговиот агент веќе ги налути навивачите и раководството на клубот со изјавата дека Стерлинг нема да потпише „ниту за 700.000 фунти неделно“.

Денешните насловни страници на англиските весници се полни со информации дека Јунајтед веќе има превземено чекор, така што е испратена понуда вредна 25 милиони фунти, па со оваа цена „ѓаволите“ ја тестираат желбата на Ливерпул за поголема сума која неможат да ја очекуваат со оглед на состојбата со договорот.

Во приказната наводно се вклучува и Реал Мадрид, како и Манчестер Сити, но Јунајтед беше првиот кој превзема конкретни чекори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП