19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарија го усвои „Лекс ФИФА“

Швајцарија го усвои „Лекс ФИФА“

Image (25)

Швајцарските парламентарци го усвоија „Лекс ФИФА“, според кој сите меѓународни спортски организации чие седиште е во Швајцарија ќе подлежат на законите на оваа земја. Законот ја вклучува и ФИФА која во изминатите денови се наоѓа во центарот на вниманието на светската јавност поради коруптивните скандали во организацијата.

Горниот дом на швајцарскиот парламент го изгласа законот кој ќе овозможи борба против корупцијата во спортските организации. Овој закон кој е предложен минатата година, а кој мора да биде изгласан и од Долниот дом на парламентот е усвоен само еден ден по оставката на првиот човек на ФИФА Јосеф Сеп Блатер.

Минатата недела седуммина високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих, по барање на ФБИ, како дел од истрагата против 14 лица кои се обвинети за корупција и замање на поткуп од 150 милиони долари.

Посебна истрага швајцарските власти спроведоа поради доделувањето на организацијата на Мундијалите во 2018 и 2022 година на Русија односно Катар.

Овој закон ќе им овозможи на швајцарските федерални власти да водат истрага против ФИФА и евентуално против 60 други спортски организации чие седиште е во Швацарија, меѓу кои е и Меѓународниот олимписки комитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП