18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХојберг нов тренер на Чикаго Булс

Хојберг нов тренер на Чикаго Булс

hojberg

Нов тренер на кошаркарите на Чикаго Булс ќе биде Фред Хојберг, кој во изминатите пет години беше тренер на универзитетот Ајова Стејт.

Според американските медиуми, поранешниот кошаркар на Чикаго, Индијана и Минесота, ќе потпише петгодишен договор вреден пет милиони долари по сезона.

Инаку 42-годишниот Хојберг на клупата на Чикаго ќе го наследи Тим Тибодо, кој на клупската листа според бројот на победи се наоѓа на второто место зад легендарниот Фил Џексон.

Хојберг, заедно со Били Донован кој од универзитетот Флорида се пресели во Окалхома, ќе биде вториот дебитант меѓу тренерите во НБА лигата. Донован со Оклахома потпиша, исто така, петгодишен договор вреден шест милиони долари по сезона.

Покрај Чикаго и Оклахома, во новата сезона со нови тренери ќе влезат и екипите на Њу Орлеанс (Алвин Гентри) и Орландо (Скот Скајлс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП