22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ ја одбрани титулата

МЗТ ја одбрани титулата

kosarka-basket

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија шампионската титула во домашното првенство откако со 3-0 славеа во финалната серија против Куманово. Во третиот натпревар од серијата МЗТ славеше над Куманово со 94:85 (34:19, 25:19, 12:25, 23:22).

МЗТ ја освои четвртата титула во низа, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во националниот шампионат.

Третиот меч од серијата МЗТ го реши уште во првото полувреме кога стекна предност од 21 поен. Куманово се обиде да се врати во мечот, на седум минути до крајот стигна до негатива од четири поени (76:72), но неговите играчи немаа сили за целосен пресврт.

Самарџиски со 22 поени и 11 скокови, односно Синовец со 20 поени го предводеа МЗТ. Најекспониран кај Куманово беше Мандиќ со 23 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП