3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВавринка го декласира Федерер

Вавринка го декласира Федерер

federer

Стен Вавринка го доби швајцарското четвртфинале на Ролан Гарос. Деветтиот носител славеше над Роџер Федерер во три сета – 6:4, 63, 7:6.

Вавринка ја забележа четвртата победа во 19-от дуел со Федерер, а до неа стигна благодарение на одличниот сервис, тој освои 88 отсто поени на својот прв сервис, што му овозможи да забележи 43 винери, а имаше само 28 неизнудени грешки.

Од друга страна, Федерер одигра далеку под своите стандарди – имаше 28 винери и 26 неизнудени грешки.

Вавринка во полуфиналето ќе игра против домашниот тенисер Жо-Вилфред Цонга кој во маратонски меч славеше над Кеи Нишикори со 3:2 (6:1, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3).

Цонга одлично го започна мечот, експресно го доби првиот сет, а потоа стигна до 5:2 во вториот кога мечот беше прекинат откако падна дел од покривот на „Филип Шатрије“.

Паузата од 30 минути добро ја искористи Нишикори кој се консолидираше иако го загуби вториот сет, но потоа ги доби наредните два, но немаше сили за целосен пресврт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП